Од понеделник, 28 септември, па сè до 12 октомври, во црногорските градови Никшиќ, Беране и Андријевица, ќе биде забрането напуштањето на домовите од 22 до 5 часот.
Се забрануваат посети во домовите и работата на угостителските објекти, како и домашните посети.
Според последните податоци на Институтот за јавно здравје во Црна Гора, во последните 24 часа, а регистрирани се 235 нови случаи. Во моментов има 3671 активен случаи.






