Костадинов и Кузеска помоќни од Заев, МВР не гледа кршење на закон

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и другите институции надлежни за спроведување на законот во Македонија имаат двојни стандарди дури и за членови на истата партија на власт.



Пред неколку дена откако беа фатени како прават сообраќаен прекршок МВР мораше да ги казни премиерот Заев, вицепремиерот Николовски и министерот Филипче.

За разлика од нив МВР и другите институции кои се грижат за јавното здравје за време на ковидкризата не ги казнуваат портпаролите на партијата СДСМ Костадин Костадинов кој е и пратеник и Богданка Кузеска кои спротивно на владините мерки јавно објавија фотографија на која се гледа дека ги кршат забраните за доближување на помалку од 1,5 метри и носење на маски.

За Костадинов и Кузеска да не видат казнети согласно владините мерки кои важат за затворен простор тие треба да се во роднинска или брачна врска што во оваа ситуација не е случај.

Се работи за партиски колеги кои во никој случај не смеат да бидат на толкава близина без маски.

Во исто време полицијата низ Македонија казнува илјадници обично граѓани кои немаат партиски конекции а кои не носат маски и се приближуваат на други сограѓани на помало растојание од 1,5 метри.

Доколку МВР и Спасовски се уште бараат докази за сторениот прекршок можат да го најдат на Фејсбук профилот на Костадинов.

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=10219741446699795&id=1027177993