Пендаровски се пресметува со Ковачки, молчи за негов разузнавач/политичар (ВИДЕО)

Претседателот на Македонија Стево Пендаровски вчера јавно го нападна новиот член на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ полковникот Драган Кивачки затоа што политички ја критикувал министерката за одбрана Радмила Шеќеринска.



Пендаровски призна дека на оваа тема зборувал и на последниот Совет за безбедност и најави поддршка за законот што го подготвува Шеќеринска на оваа тема со цел на Ковачки да му се забрани јавно да зборува за политика како офицер во Армијата.

Во исто време Пендаровски спомна за поранешен сличен случај во Агенцијата за разузнавање која е под негова надлежност без да најави дека го санкционирал или дека ќе го санкционира истиот.

Ако Пендаровски навистина сака да го спроведе тоа што го посакува на Ковачки, во Агенцијата за разузнавање која директно ја контролира може веднаш да го смени високиот функционер на Агенцијата кој се уште е потпретседател на политичка партија.

Се разбира една од причините за молкот на Пендаровски во овој случај со негов потчинет може да биде тоа што се работи за партија која е дел од власта а јавните настапи на потпретседателот на Демократскиот сојуз Зоран Петров кој и висок функционер во АР, се насочени кон критичарите на власта а во одбрана на коалицијата што го избра шефот на дежавата.

Зоран Петров кој предходно беше заменик министер за надворешни работи во владата на ВМРО-ДПМНЕ лани во јуни јавно на социјалните мрежи како функционер на АР и на политичка партија влезе во судир со новинарот Бранко Героски кому му “сугерираше” да не објавува информации затоа што биле “жолт печат”.

Во било која друга членка на ЕУ и НАТО ваквите пораки од разузнавач и втор човек на политичка партија ќе беа третирани како закана кон новинари но Пендаровски не го санкционираше неговиот потчинет како што сега зборува за Ковачки. За разлика од Ковачки за кого сега се зборувало и на Советот за безбедност за Петров молчат и Пендаровски и Шеќеринска и СДСМ.

На социјалните мрежи по изјавата на Пендаровски која можете да ја видите во твитот подолу излегоа информации и за други воени офицери кои се политички активни но и за нив молчат и Пендаровски и Шеќеринска.