Заев го стави Борисов во небрано со изјава за договорот

Бугарскиот премиер Бојко Борисов е под силен притисок од бугарските медиуми и дел од академската заедница поради изјавата на македнскиот колега Зоран Заев кој во Скопје дал изјава спротивна на позициите на официјална Софија.



Дел од медиуите во источниот сосед ги пренесуваат зборовите на Заев кој во Скопје јавно тврдел дека „Бугарија ги признава макеоднската нација и македонскиот јазик“, а во Софија Борисов и минисерката за надворешни работи Екатерина Захариева упорно повторуваат дека Бугарија не признава ни јазик ни нација затоа што тоа не е нејзина задача.

Официјалните позиции на Бугарија во врска со јазикот и македонската нација е дека со признавањето на Република Македонија во 1991 година бил признат официјалниот јазиј согласно  уставот на Република Македонија но не и дека се признава македонски јазик кој е различен од бугарскиот.

Според официјалните лингвистички позиции во Бугарија македонскиот јазик е „дијалект на југозападното бугарско наречје“.