За време на посетата на бугарскиот премиер Бојко Борисов на Скопје на први август тој заедно со македонскиот премиер Зоран Заев ќе се поклонат пред споменикот на Гоце Делчев, предвидува протоколот на кој што работат македонската и бугарската влада.
Според дел од бугарските медиуми според кои Гоце Делчев е исклучиво бугарски херој, Борисов сега е принуден да се поклонува во туѓа земја на свој херој само поради историската грешка на владата на Георги Димитров направена во 1946 година.
Тогаш бугарската влада која што во тој период го призна македонското малцинство во Пиринска Македонија и таму организираше училишта на мајчин македонски јазик донесе одлука да ги испрати останките на водачот на македонската револуционерна борба во Скопје.
Бојко Борисов нема да биде првиот бугарски претставник кој се поклонил на гробот на Гоце Делчев во црквата Свети Спас во Скопје , затоа што таму редовно на деновите на неговото раѓање и смрт постојано покрај македонски се поклонуваат и бугарски делегации.





