Потпретседателот на Здружението на ветераните на УЧК и братучед на поранешниот косовски премиер Рамуш Харадинај, Насим Харадинај, при апсењето во Приштина по барање на Специјалниот суд за злосторствата на УЧК. одбил да влезе во автомобилот на специјалците на „Еулекс“.
„Не одам со нив, само со косовската полиција“, изјавил Харадинај за Газета експрес.
„Ова нѐ тера да се прашаме дали имаме држава, државни органи и парламент. Нѐ тера да се прашаме дали имаме устав. Еулекс се однесува вака кон нас бидејќи не нѐ смета за луѓе“, кажал Харадинај.
Тој кажал и дека Специјалниот суд за злосторствата на УЧК „не му припаѓа на Косово и дека ќе работат против него“.
Граѓани со аплаузи го испратиле Харадинај.





