Кинеска се решила за драстичен потфат за да го избегне враќањето на кредит од околу 3,7 милиони долари, пренесуваат светските агенции. По пресудата на судот во Вухан за враќање на долгот, Чу Нацјуан (59) го променила изгледот и се сокрила на непозната локација. Со пластичната операција таа освен избегнувањето на обврската доживеала и разубавување од кое сите останале вчудовидени.



Таа била задржана во Шенжен кога се обидела да купи билет со лажна лична карта, а полицајците кои ја привеле биле изненадени колку таа не личела на себе од сликата. Според нивните зборови “изгледала како да има 30 до 40 години”.

Во последно време локалните власти на Вухан сериозно се борат против обидите да се избегне исплата на кредит. За првите шест месеци оваа година 186 луѓе се приведени под обвиненија дека се обиделе да избегнат плаќање на долг.