Трифун Костовски: Банката ја уништија, „Македонски пошти“ на колена и ќе ги купи некој евтино (ВИДЕО)

Доминантниот сопственик на Еуростандард банка, Трифун Костовски, смета дека нејзиното затворање, со кое „Македонски пошти“ останаа без финансиските трансакции што се вршеа преку неа, е убивање две муви со еден удар.



„Веќе сум убеден дека тоа е план кроен многу одамна и сега дојде време за финализација. Само наивен човек може да верува дека ‘Македонски пошти’ како потенцијал се за потценување. Има 330 експозитури, најмногу во Република Македонија. И сега видете што се случува – со еден удар се убиваат две муви. ‘Македонски пошти’ се ставени на колена, ќе има отпуштања на вработени, зошто експозитурите се комплетно запечатени. Веќе имаме и најава за условно речено размена на територии – ако ДУИ досега ги владееше ‘Македонски пошти’, сега ќе биде СДСМ. Тоа само на мало дете може да му изгледа наивно. Ни најмалку не е наивно. Со еден удар – две муви: банката ја уништија, ‘Македонски пошти’ ќе ги симнат на колена, ќе има отпуштања максимално и ќе ги купи некој за евтини пари“, објасни бизнисменот, поранешен градоначалник на Скопје и експратеник во емисијата „Заспиј ако можеш“ на Алфа ТВ.