Во синоќешното гостување во емисијата Топ тема на Телма, министерот за економија Крешник Бектеши кажа дека субвенционирање на приватните компании да вработуваат Албанци, е заеднички проект на владата на СДСМ и ДУИ.



„Не е толку важно дали е во сопственост на Албанец или управител е Албанец или Македонец или било кој друг. Важна е структурата на компанијата и ние ги охрабруваме сите компании, како што работи јавниот сектор во делот на застапеноста на етничките заедници на таков начин и тие да пристапат“, додаде тој.

Бектеши е дециден дека оваа владина мерка ќе се реализира, и како што рече за него ова е завршена тема и не сака повеќе да коментира на истата.