Грција: По 300 години затвор за двајца Руси кои шверцувале мигранти

За нелегален транспорт на мигранти, двајца Руси во Грција се осудени на по 300 години затвор.



„Алексеј Игумонов и Никита Шепталов беа осудени на 300 години затвор за секој од нив, за наводно организирање шверц на мигранти во Грција. Таа казна е еднаква на 20 години затвор во рускиот казнен систем“, изјави Иван Мелков потпретседател на Комитетот за човекови права на ОН за Русија..

Таквата строга казна произлегува од фактот што судот ги осуди руските граѓани на седум до 12 години затвор за секој шверцуван мигрант.

Русите пред судот се изјасниле за невини.