Анти стрес терапијата на најголемите светски ѕвезди предвидува: плетење, боење, играње карти, шах и така натаму. Иако понекогаш ни се чини дека тие имаат живот од филмовите, ѕвездите се релаксираат на сосема обични начини. Кој би помислил дека Бил Гејтс сака да игра карти, и Мерил Стрип да плете. Но да видиме.




Мерил Стрип плете

Наградуваната со многу признанија актерка пред некое време откри дека плетењето и е најлесниот начин да се сконцентрира и да размислува за својот живот. Секој слободен момент во преполниот распоред Мерил го користи за ова хоби. Со плетење се занимаваат и Џулија Робертс и Рајан Гослинг.

Кејт Мидлтон слика

Хромотерапијата има добри ефекти врз менталното здравје, а за тоа е свесна и британската престолонаследничка. Војвотката од Кембриџ го смета сликарство за совршена алтернатива на медитацијата која претходно и беше најефикасен лек за стресот.

Анџелина Џоли собира оружје

Актерката е страствен колекционер на оружје, особено студено. Нејзината колекција се состои од различни уникатни ножеви, а страста е наследена од родителите. Енџи сега го “инфицира” и синот Медокс. Актерката вели дека тоа е сосема безбедно хоби, а со Медокс често дискутира за насилството.

Бил Гејтс се карта

Еден од најбогатите луѓе во светот е по традиционалните форми на хоби. Нему најомилено му е времето со своите деца да го поминува играјќи карти. Бил смета дека нема подобар одмор за телото и душата од старите игри со карти.

Флеа обожава шах

“Дивиот” басист на Red Hot Chilli Peppers ужива играјќи шах и смета дека така го активира мозокот. Флеа дури и мисли дека игра шах совршено, па пред некое време се носеше со идеја и да го предизвика светскиот шампион. Покрај шахот Флеа има и друго хоби со кое се занимава, а тоа е пчеларството.

Слеш игра Пинбол

Гитаристот на Guns N ‘Roses е зависник од Пинбол и го игра за да се одмори од напорните турнеи. Иако тој признава дека и не е многу добар, неговата страст со годините не се намалува. Во средината на деведесеттите години самиот дизајнираше Guns N Roses Пинбол машина. Апаратот и сега го чува во својот дом во посебна просторија.


Том Круз сака мечување

Актерот кој се прослави како акционен херој сака мечување. Тој во неколку филма снимаше сцени со меч без каскадер што само по себе говори дека го владее. Том признава дека е најрелаксиран кога мечува во салата за специјална намена во својот дом.