Трамп „решен“ да оди во Србија

Американскиот специјален пратеник Ричард Гренел вели дека американскиот претседател Доналд Трамп изразил желба да дојде во Србија.



„Тој е решен да дојде … Немам датуми, но тој изрази желба да дојде. Едвај чекам да го видам во Белград”, рече Гренел на прес-конференција во Палатата на Србија.

Гренел рече дека претседателот на Србија, Александар Вучиќ, му дал „голема визија“ на Трамп за тоа што може да очекува од неговото доаѓање во Белград.

Претседателот на Србија исто така потврди дека претседателот на САД ја прифатил поканата.

„Претседателот Трамп беше многу шармантен и коректен кога ја прифати поканата да дојде во Србија. Го замолив да го стори тоа, тој прифати да дојде и тоа ќе се случи кога ќе има време”, рече Вучиќ.