Градежната компанија „Бетон-Штип“, застапувана од стечајниот управник Живко Калков, до Основниот суд Скопје- 2 поднела барање за поведување на стечајна постапка врз подружницата на грчката компанија „Интракат“, која го гради новиот клинички центар во Штип, за што неодамна склучи и анекс на основниот договор со Министерството за здравство во вредност од 7 милиони евра.
Информација ја потврдија од надлежниот граѓански суд во Скопје, како и стечајниот управник Калков, кој практично управува со компанијата-предлагач – „Бетон-Штип“, додека над неа, исто така, веќе една година се спроведува стечајна постапка, дозанва „Фокус“.





