Меѓу многуте документи со кои располагаат и македонските и бугарските историчари за ликот и делото на промоторот на македонската револуционерна организација Ѓорги Гоце Делчев, можеби најинтересни се сведителствата за завршените класови во Военото училиште во Софија.
Ако се анализира сведителството на Гоце со број 2722 лесно ќе се утврди дека Гоце не можел да биде Бугарин затоа што роден во средина каде се говорел македонски јазик во текот на образованието во бугарските училишта лошо го владеел бугарскиот јазик.
Покрај забелешките за исклучувањето поради „лошото поведение“ на младиот јункер, можат да се забележат две работи.
Прво, на пример, на документот никаде не стои дека бил Бугарин.
И второ, индикативно е што најслаби оценки-7- Гоце имал по два предмета. Очигледно е дека не му оделе баш најдобро бугарскиот јазик и нацртната геометрија.
Вообичаено е луѓето од другите народи и нации кои се образовале на туѓ јазик да имаат полоши оценки за тој јазик.
Извор лидер.мк





