Вашингтон гради коалиција за да го спречи завршување на „Северен поток 2“, изјавил американскиот државен секретар Мајк Помпео, во интервју за „Билд“.



Според него, Америка верува дека гасоводот претставува ризик за Европа, бидејќи станува зависна од рускиот гас, а исто така ѝ се заканува на Украина, што „длабоко загрижува многу Германци“.

„Се надеваме дека изградбата на гасоводот„ Северен поток 2 “нема да заврши, работиме да се осигураме дека е формирана коалиција за да се спречи ова. Се надеваме дека германската влада ќе го прифати истото мислење заради она што му се случи на Навални или заради реалните безбедносни последици од зависноста од рускиот гас “, рече Помпео.

Извор БГНЕС