На акционерското друштво А.Д. Македонски пошти не само што не му пречи референцата од ОН туку почна и да се фали со неа.
На својот веб сајт компанијата деновиве се „пофали“ за две работи од кои нормална фирма би се срамела.
Прво, менаџментот се пофали дека добил сертификат за квалитет, издаден од UNIVERSAL POSTAL UNION, според кој „Македонски Пошти“ го имаат само „почетничкото ниво“ односно најниска можна оценка за квалитетот на услугите што ги нуди.
И второ, „светската поштенска организација“ ја нарекува нашата земја FYROМ што за А.Д. Македонска Пошта не е никаков проблем.
Менаџментот на оваа компанија со години во распредалбата на државните директорски места му припаѓа на ДУИ.





