Благица Ласоска, пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ ѝ забележа на власта дека наместо да дели ваучери за компјутери, летоска делеше ваучери за туризам, со што се влијаело на влошување на состојбата со пандемијата од ковид-19.
Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде воздржана на гласањето за измените во Закон за основното образование затоа што не биле прифатени нивните амандмани, а кои се однесуваат на набавката на компјутери и за интернет во училиштата, ниту пак бил прифатен нивниот предлог на денешната седница парламенот да расправа и за состојбата во образованието и почетокот на учебната година со задоцнување од еден месец.






