Анализа покажала дека нема економска исплатливост да се гради карго аеродромот во Штип.
Министерот за економија Крешник Бектеши денеска оствари работен состанок со менаџментот на ТАВ Македонија по која информираше дека во текот на минатата година Министерството за економија направи измени на Законот за јавно приватно партнерство со кој се отвара можноста средствата предвидени во договорот за концесија со ТАВ Македонија, наменети за изградба на карго – аеродром во Штип да се пренаменат за проекти од јавен интерес на државата.
Парите, 49,7 милиони евра ТАВ ќе ги пренамени за изградба на инфаструктурни проекти во земјава. Кои, допрва ќе се одлучува.
Најверојтно ќе се градат канализации, водоводи во руралните средини, школи, како и 2 општински згради.






