Предлогот за задолжителното пензионирање на мажи со навршени 64 години, односно на жени со 62 години, ќе се однесува само за јавниот сектор, но не и за приватниот, најави денеска министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска.
„Тоа е закон што ги обединува сите вработени во јавниот сектор. Меѓутоа ќе остава и можност за исклучук во реалниот сектор, ако постои взаемен интерес меѓу работникот и работодавачот за продолжување на работниот век“, истакна министерката како што пренесува Слободен печат.
Шахпаска рече дека ова нема да се однесува на здравствените работници и соработници, како и најверојатно за универзитетските професори.





