Американскиот претседател дал одобрување на договорот што ќе дозволи кинеската апликација за споделување видео-снимки ТикТок да продолжи да работи во САД.
Претседателот Доналд Трамп претходно нареди да се забрани апликацијата во САД, повикувајќи се на национална безбедност. Американските безбедносни служби стравуваат дека податоците собрани од сопственикот на „ТикТок“ можат да бидат предадени на кинеската влада.
Сопственикот на „ТикТок“, компанијата „БајтДенс“, ги негираше обвинувањата дека ги споделува податоци со кинеската владејачка Комунистичка партија.






