Билатералните проблеми не треба да бидат дел од преговарачката рамка за проширување на ЕУ, смета германската амбасадорка во земјава, Анке Холштајн денешното интервју за Радио слободна Европа.
Во делот на политиката за проширување, навистина одржувањето на првата меѓувладина конференција, односно официјалниот старт на разговорите за проширување со Северна Македонија е нашата голема цел која е заедничка цел и на Германија и на с. Македонија, вели амбасаодрката чија земја е претседавач со ЕУ.
„Треба во рамките на Европската унија да се договориме во однос на преговарачката рамка за која моментално се дискутира во Брисел, кога ќе се постигне договор за тоа, може да дадеме и датум за првата меѓувладина конференција и се надеваме дека тоа ќе се случи во декември.
Запрашана како ги коментира информациите од Брисел за опструкции од страна на Бугарија во однос на одредени прашања, пред сè прашањето за македонскиот јазик и малцинство кои бараат да се вметнат во поглавјето 35, амбасадорката Холштајн вели:
„Бугарија ги има кажано овие барања на другите земји членки на почетокот на август. Ние и според моите сознанија сите други земји членки се на мислење дека билатерални проблеми не треба да се ставаат во преговарачката рамка и дека билатералните проблеми треба да се решаваат билатерално“.





