Милчин: Ковачев е реликт на фашистичка Бугарија!

Владимир Милчин, режисер и поранешен прв човек на Институт „Отворено општество – Македонија“, го „парчоса“ бугарскиот европратеник Андреј Ковачев по неговите последни јавни настапи за Македонија.



https://www.facebook.com/vmilcin/posts/10158602731588374

Негирањето на македонскиот идентитет и јазик, како и на македонското малцинство во Бугарија од Ковачев, според кој сето тоа е измислица на Тито, практично е негирање и на делото на таткото на Милчин. Македонскиот глумец, режисер, јазичар и преведувач Илија Милчин бил уметнички раководител и режисер на Обласниот македонски народен театар во тогашна Горна Џумаја (денес Благоевград), Пиринска Македонија, во 1947-1948 година. Тогаш во театарот се одржувале претстави (и) на македонски јазик и со актери од Македонија.