Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални објави фотографија на Инстаграм на која се гледа како се симнува по скали и напиша дека неговиот пат кон закрепнување е „јасен, но долг”.
Тој рече дека сè уште има тешкотии во качувањето по скали бидејќи нозете сè уште му се тресат.
Труењето на Навални, за што беа обвинтети руските власти, доведе до ново затегнување на односите со Запад.
Имаше и најава дека, поради „труењто“ доведено е во прашање реализирањето на гасоводот Северен ток 2, преку кој Германија треба да го увои количествот на евтин енергенс од Русија.





