Артан Груби продолжи таму каде што застана со подарувањето кече на досегашниот амбасадор на Европската унија во Македонија, Самуел Жбогар, подарувајќи му чифтелија на италијанскиот амбасадор во заминување Карло Ромео.
Станува збор за традиционален албански жичан инструмент, со кој првиот „прв заменик претседател на Владата на Република Северна Македонија задолжен за координација на политички прашања на ресорите“ продолжи да го промовира албанското наследство на средбите со странски претставници во Македонија.






