Со меморандумот доставен од Софија до земјите лчленки на ЕУ, се бара билатералниот договор меѓу Скопје и Софија и добрите меѓусоседски односи да бидат дел од Преговарачка рамка за зачленување на Република Северна Македонија во ЕУ и да бидат дел од поглавјето 35.
Во документот на шест страници, меѓу другото се наведува и дека Македонците се проект на поранешниот југословенски лидер Јосип Броз Тито, дека македонскиот јазик е норма на бугарскиот и оти не постоел до 2 Август 1944 година. Покрај договорот за добрососедство Софија како услов за напредокот во ЕУ интеграции смета дека треба да биде и односот на земјава кон малцинството на бугарска територија.
„Бугарија ги има кажано овие барања на другите земји членки на почетокот на август. Ние и според моите сознанија сите други земји членки се на мислење дека билатерални проблеми не треба да се ставаат во преговарачката рамка и дека билатералните проблеми треба да се решаваат билатерално. Бугарија секогаш беше голем поддржувач на европското придвижување на регионот, вклучувајќи ја и Северна Македонија. Во суштински интерес на Бугарија е да не се блокира процесот за проширување на Европската Унија во овој регион“, вели германската амбасадорка Анке Холштајн во интервју за Радио слободна Европа.





