Се проценува дека во Берлин има околу 75 згради каде што живеат мигранти од Бугарија, Романија и Македонија – речиси секогаш илегални.
Кревет со душек на подот во мизерна просторија или подрум во Берлин чини минимум 200 евра. Ова им е добро познато на кандидатите за работа од Балканот.
Во обемниот извештај од берлинскиот кварт Нојкелн, весникот „Тагесшпигел“ известува за една од овие„дупки“ на ужасната мизерија населена со луѓе од Источна Европа. Во конкретниот случај, станува збор за зграда во која претходно се наоѓаше администрацијата на осигурителна компанија. Сепак, таа одамна е иселена, а сиромаштијата го зазеде своето место.
Огромните простории што некогаш служеа како канцеларии сега се преградени со иверица, на некои места се поставени диви водоводни цевки и кабли за напојување, насекаде има траги од стаорци, а дрвените рамки со душеци се наоѓаат на голиот армирано-бетонски под на просториите за спиење. Во едниот агол има мала ниша за готвење.
Пет години по отворањето на германскиот пазар на труд, повеќе од половина милион Бугари и Романци најдоа работа во Германија – т.е. значително повеќе од оние 150.000 мигранти кои добиле социјални бенефиции од германската држава, според Федералната агенција за труд.
Како граѓани на ЕУ, Бугарите од 2014 година имаат право да живеат шест месеци во друга европска земја – на пример во Германија. Сепак, тие можат да останат трајно само ако имаат работа или одредено ветување за работа, објаснува публикацијата.
(…)
Мизерните источноевропјани работат за „центи“ на градилишта или како чистачи… Оние што се сместени во урнатините во Нојкелн земаат од 7 до максимум 8 евра на час, додека задолжителната минимална плата во Германија е 9,35 евра на час, а за општите градежни работници е дури 12,55 евра на час. Сепак, источноевропејците се задоволни и не сакаат да останат без работа. Во нивните матични земји ги чека многу поголема сиромаштија.. BGNES





