Илиевски: Да знаел Гоце каква ќе испадне државата за која гинел, сладоледи во Бодрум ќе одел да продава

Еден од водачите на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“, Богдан Илиевски, реагира за молчењето од премиерот Зоран Заев и од неговата партија СДСМ пред изборите за тоа што Бугарија ѝ го подготвува на Македонија по нив, иако знаеле.



„…важна е историјата и таа треба да биде основа за иднината. Верувам дека во периодот кој претстои брзо ќе се најдат решенијата. ЈАС СУМ БЛАГОДАРЕН ШТО БУГАРСКАТА СТРАНА ИМАШЕ ТРПЕНИЕ ПОРАДИ ИЗБОРИТЕ. Ја испраќам пораката дека сме подготвени веднаш да влеземе и низ поглавјето за Гоце Делчев да изградиме пријателство…“ – З.З. пред неколку дена.Сега јасно ли е зошто „градењето пријателство“ преку комплетна негација на македонизмот било одложено за по изборите? Знаеле нашиве дрва недоделкани точно какви ќе се позициите на Бугарија, нели? Знаеле дека ќе се бара прифаќање дека Македонија е втора бугарска држава? И молчеле, за да не се дознае пред избори и да им се намали фондот на гласови? Знаеле дека ќе не уценуваат или да прифатиме дека „Тито не’ измислил“ или „нема ЕУ за вас“? И ќутеле? Демек „Ќути си, дупи си на избори“, па после со нов мандат земи и со брусилицата удри по државата… Како и во спорот со името. Земи распродавај татковина, покривај го тоа со вести за судењата во како пупка расцветаното судство и надевај се дека народ ќе заборави брзо, ќе се занимава со епизодичките кои ќе му ги спремаш и за некоја година на избори ќе го купиш со ваучерче, пакетче со масло или со ново ветување за процутот кој самошто не пристигнал во земјата…Да знаел Гоце каква ќе испадне државата за која гинел, сладоледи во Бодрум ќе одел да продава“, коментира Илиевски.

https://www.facebook.com/ilievski/posts/10158802166852138