Менаџерот на Тотенхем, Жозе Мурињо, во изјавата по победата од 2:1 на гостувањето кај Локомотив Пловдив два пати ја спомна Македонија како следна дестинација во квалификациите за Лига Европа, мислејќи на дуелот со Шкендија на 24 септември.
„Ќе биде опасно во Македонија. Да бидам искрен, не го знам тимот, не знам ништо за нив. Треба да се фатиме со работа, но пред тоа ни претстои маратон: Саутемптон, Лејтон и конечно одиме во Македонија“, изјави Португалецот по пресвртот во Бугарија што го донесоа Хари Кејн во 80. минута од пенал и Танги Ндомбеле во 85. минута, по водството на домаќинот преку Георги Минчев во 71. минута.
Гостувањето кај Шкендија за Мурињо ќе биде враќање во Македонија по три години, кога го водеше Манчестер јунајтед во поразот од 2:1 против Реал Мадрид во Суперкупот на Европа на Националната арена „Филип Втори Македонски“ во Скопје.
Изјавата на „Специјалниот“ за Шкендија и за Македонија во последните дваесетина секунди од видеото:






