Фудбалерите на Шкендија славеа со 1:0 против Ботошани во Романија и изборија дуел со Тотенхем на домашен терен во полуфиналето од квалификациите за Лига Европа на 24 септември!
Историската пресметка со англискиот премиерлигаш ја обезбеди Бесарт Ибраими со голот само по две минути игра, кога од десната страна го лобуваше голманот Едуард Пап.
За Ботошани настапија македонските интернационалци Стефан Ашковски и Давид Бабунски.
Второто квалификациско коло беше последно за Ренова и за Силекс „Гипсарите“ загубија дома со 1:0 од Хајдук со погодокот на Мијо Цакташ уште во 4. минута, а кратовци исто така како домаќини беа поразени со 2:0 од Дрита. Стрелци за косовскиот првак беа Фидан Гербеши од пенал во 48. минута и Ардијан Лимани во 80. минута.






