И вечерва протест против поскапувањето на струјата

Регулаторна ги одбила барањата од опозицијата за намалување на цената на струјата.



Поради ова ВМРО-ДПМНЕ за денеска најави протест против поскапувањето на струјата.

Протестот е предвидено да почне во 18 часот, од пред салата „Борис Трајковски“, од каде демонстрантите преку булеварот „Партизански одреди“ ќе се упатат до седиштето на Регулаторна Комисија за енергетика.