Поради коронавирусот на уште 150 милиони деца им се заканува глад!

Уште 150 милиони деца се погодени од сиромаштија поради пандемијата на вирусот корона и карантинските мерки, според анализите објавени од УНИЦЕФ и „Save the children“.



Од почетокот на пандемијата, забележан е пораст од 15% на бројот на деца кои живеат во сиромаштија во земјите со среден и низок приход, со што вкупниот број достигнува околу 1,2 милијарди, соопшти организацијата.

Во извештајот се наведува дека најсиромашните деца во светот стануваат уште посиромашни и предупредува дека ситуацијата ќе стане уште полоша во следните месеци.

„Она што најмногу нè загрижува е тоа што сме поблиску до почетокот на оваа криза отколку до нејзината крај“, изјави извршниот директор на УНИЦЕФ, Хенриета Форе, во соопштението за јавноста.