Младата ракометна репрезентација на Македонија не успеа да избори пласман во полуфиналето на Светското првенство во Алжир. Бранителот на титулата Франција беше пресилен противник за Македонија во оваа фаза на турнирот и славеше со 33-16 (14:9). Нашиот замор, но и квалитетот на противникот беа преголем залак за младата македонска репрезентација во четвртфиналето на Мундијалот во Алжир.
Франција беше подобра во секој поглед иако Македонија барем во првиот дел се обидуваше да го држи ритамот кој го наметна противникот. Сепак разликата во потенцијал го направи своето и Французите, чија победа Македонија не ја оспори во ниту еден момен, во последните 15 минути стигнаа и до преубедлива победа.
Македонија до крајот на првенството ќе разигрува за пласман од петтото до осмото место, а следен противник в сабота ни е Русија.
 
             
		





