Фудбалерите на Шкендија од 18.30 во Литванија ќе го играат првиот натпревар од третото претколо во Лига Европа. Противник на македонскиот вицепрвак ќе биде Тракаи, тим кој во претходната рунда го елиминира шведски Норчепинг.



Шкендија која два пати ја победуваше Дачија, а со Хелсинки оствари триумф и реми ќе се обиде да го нападне Тракаи и да избори резултат кој ќе ѝ овозможи мирен реванш. Офанзивниот пристап го најавија тренерот Ќатип Османи и капитенот на тимот, Ферхан Хасани.

Инаку, натпреварот, поради повреда, ќе го пропушти Стефан Вујчиќ, а за место во тимот ќе конкурираат Мевљан Мурати и Стенио Жуниор.

Дуелот во Литванија ќе започне во 18.30 часот, а ќе судат арбитри од Република Ирска.