Државниот завод за статистика објави дека бројот на домашните туристи во јули 2020 година, во однос на јули 2019 година, е намален за 4.8 %.
Бројот на странските туристи е намален за дури 94.9 проценти, но причините се рестрикциите поради пандемијата на коронавирусот.
Она што загрижува е податокот дека од јануари до јули годинава во однос на истиот период од претходната година, бројот на домашните туристи е помал за 43.9 %, и покрај владините ваучер-меерки.
Владата со третиот пакет мерки одвои 16 милиони евра за домашниот туризам и ваучери за над 100.000 граѓани од по 6.000 денари, како и домашни платежни картички од 3 и 9.000 денари за да се поттикне потрошувачката во овој сектор.
Но,… кај се потрошени милиони прашува Вечер.мк.






