Хронично болните и сите родители кои досега беа ослободени поради чувањње деца до десетгодишна возраст поради пандемијата на коронавирус, од 23 септември се враќаат на работа, одлучи Владата.



Исклучок ќе бидат лицата кај кои болеста е во фаза на влошување и оние со малигни заболувања кои имаат потврда од лекар специјалист.

Владата го задолжи Министерството за труд и социјална политика да им укаже на сите детски градинки да продолжат со упис и згрижување на деца, особено на оние деца чии двајца родители се во работен однос, без разлика дали работат од дома или одат на работа.