Дури 113 од вкупно 494 основни и средни училишта во земјата побарале од владината Комисија да им дозволи одржување физичка настава од 1 октомври, кога треба да почне учебната година.
Тоа значи дека секој 4-ти ученик новата учебна година ќе ја следи во учиште.
Конечната одлука ќе ја донесе Владата на седница в четврток.
Од пријавените училишта, 79 се основни и 34 средни.
Согласно протоколите кои ги утврдија надлежните – вкупната бројка на ученици, просторните капацитети и епидемиолошката состојба во општината во која се наоѓа училиштето – Комисијата која ја носи одлуката да даде позитивно мислење.
Според актуелната состојба, голема е извесноста дека висок процент на пријавените училишта ќе бидат одбиени, односно ќе мора да ја започна учебната година со онлајн настава.





