Од утре Фондот за осигурување депозити треба да почне со исплата на обесштетувањето на осигурениот износ на депонентите на Еуростандард банка до законски утврдениот максимален износ од 1.850.889 денари или 30.000 евра.



Исплатата ќе се извршува преку Комеријална банка, НЛБ Банка, Стопанска банка АД Скопје и Халкбанк.

Обесштетувањето ќе оди според азбучен ред: Во Комерцијална банка ќе бидат обесштетени депонентите чие презиме почнува на буквите А, Б, В, Г и Д, : депонентите чие презиме почнува на буквите А, Б, В, Г и Д, преку НЛБ Банка ќе бидат обесштетени оние чии презимиња почнуваат на буквите Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ, И, Ј, К, Л и Љ, на депонентите на кои им почнува презимето на М, Н, Њ, О, П и Р ќе се исплаќаат во експозитурите на Стопанска банка АД Скопје на целата територија и депоненетите со презимиња на буквите од С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ и Ш ќе се исплаќаат во експозитурите на “Халкбанк” АД, јавува Фактор.

Треба да бидат обесштетени депозити во износ од околу 4,4 милијарди денари.