Четворица починати и 37 нови случаи на Ковид-19 за 24 часа во Македонија

Коронавирусот однесе уште четири жртви, а регистрирани се нови 37 случаи на Ковид-19 од 474 тестови во последното деноноќие во Македонија.



Двајца од починатите се од Охрид – едниот на 57 години, а другиот на 77 години – и по еден од Виница на Струга на 57 години и од Струга на 74 години. Тројца од нив починале во болница, а еден во вонболнички услови.

Дваесет од новите позитивни на Ковид-19 се од Скопје, а оздравеле 131 пациент.

Од почетокот на пандемијата се забележани 15.827 заболени од коронавирус во Македонија, 652 починати и 13.315 оздравени, а во моментов активни се 1.860 случаи, од кои 540 во Скопје, 190 во Куманово, 133 во Прилеп, 117 во Тетово итн.