Александар Лукашенко пристигнал во Русија на разговори со рускиот претседател Владимир Путин, „покажаа податоците за следење на летот“, јави Ал Џезира.
Авионот на Лукашенко слетал во јужниот руски град Сочи во понеделникот наутро, еден ден откако полицијата приведе 774 лица на антивладини протести низ Белорусија, меѓу кои 500 во главниот град Минск, соопшти во понеделникот белоруското Министерство за внатрешни работи.
Од Кремљ соопштија дека Путин и Лукашенко ќе се осврнат на аспектите на нивното стратешко партнерство, вклучително и енергетски, трговски и културни проекти.





