Специјална обвинителка Катица Јанева го тужи Бојан Јовановски–Боки 13 за нелегално снимање, а предметот денеска стигна до Кривичен суд.
Предмет на тужбата е фографијата која беше презентирана како доказ во предметот „Рекет“ по вештачењето на мобилниот телефон на Боки-13 на која се гледа Јанева со пари.
Јанева тврди дека фотката ја снимил Јовановски.
Јанева е првостепено осудена на 7-годишна затворска казна, а Јовановски на 9 години казна затвор и двајцата за предметот „Рекет“.






