Еколошка катастрофа во Македонска Каменица

Еколошка катастрофа со значителни последици по животната средина се случила утрово во регионот на Македонска Каменица откако се излеа јаловина во Каменичка Река.



Коритото на Каменичка Река од утрово плива во јаловина која што, според информации на граѓани на Македонска Каменица се влеала во Калиманско езеро.

Според првичните информации се работи за испуштање на опасни супстанци од рудникот Саса од каде веќе го пријавиле случајот во Министерството за животна средина.

За членовите на здружението на спортски риболовци „Шаран” се работи за катастофална состојба.

“Наши членови во моментот се на терен, земаат мостра од присуството на јаловина во водите на Каменичка Река. Мострите дополнително ќе бидат препратени до надлежните на испитување. Она што е очигледно е дека има помор на риби во реката, а дополнително ќе утврдуваме дали тоа е случај и на Калиманско езеро”, велат од здружението ,,Шаран”, пренесуваат повеќе медиуми.

Засега нема никаква информација од надлежниот инспекторат за животна средина.