Кризниот штаб за борба против коронавирусот во Србија донесе одлука сите граѓани на Србија, кои престојуваат во странство, да се вратат до петок до 18 часот.
„Апелираме до сите граѓани да се вратат во земјата до крајот на оваа недела, бидејќи после тоа ќе имаме поинаков режим за секој што ќе влезе во нашата земја“, рече д-р Дарија Кисиќ Тепавчевиќ, заменик директор на белгардскиот Институт „Батут“ откако во Европа е забележано рекордно зголемување на бројот на случаи на Ковид-19.
Како што претходно изјави министерот за здравство, Златибор Лончар, ова е поврзано со враќањето на луѓето од летните одмори во Црна Гора и Хрватска, каде епидемиолошката состојба е крајно неповолна во последните неколку недели.





