По изборот на новата Влада, денеска започнува да функционира и Собранието, а на дневен ред претпладне е предлог- одлука за избор на претседатели, заменици на претседателите, членови и нивни заменици на 20-те комисии кои ќе работат во Законодавниот дом.
Дури по нивниот избор, пратениците од следната седница ќе можат да усвојуваат закони и да донесуваат одлуки, по повеќе од еден месец за распределбата на комисиите.
СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ќе раководат со по осум собраниски комисии, ДУИ со три, додека Беса, Алијанса за Албанците и Алтернатива со по една.
на дневен ред денеска е и верификација на мандатот на пратеничката Емилија Рамбабова што ќе ја наследи Јагода Шахпаска која стана министер за труд и социјала и која ќе биде 62-от пратеник од мнозинството.
Со оглед дека еден пратеник, поради сомневање за коронавирус можеби и нема да пристуствува на седницата, неизвесно е дали тесното владеачко мнозинство ќе го има потребниот број од 61 пратеник. (фактор)






