Мицкоски до Заев: Ќе ви тежат цел живот предавството и криминалот. Македонија и Македонците не забораваат

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, му врати на премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев, за објавата на Твитер, во која го стави шефот на опозицијата во корелација со Гоце Делчев и со – Делчево…



„Гоце Делчев е идеолог и водач на Македонската револуционерна организација и се бори за ослободување на Македонија. Македонија која вие ја засрамивте, пониживте, опљачкавте и разочаравте.

Жалам што, наместо да промовирате вистински европски вредности, се одлучивте да продолжите да распродавате од нашето достоинство и не заборавивте да крадете. Ќе ви тежи цел живот предавството и криминалот што го правите. Македонија и Македонците не забораваат.

Жалам за поразот во Делчево, ќе бидеме подобри следниот пат кога ќе има демократски избори, а се радувам на победата во повеќе од 40 општини, вклучувајќи го и Скопје“, му реплицира Мицкоски на Заев.

https://www.facebook.com/vmromakedonija/posts/10159024735034260