Канонада од жолчни реакции предизвика објава на Твитер од премиерот Зоран Заев, кој по најавата од лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски за протест за Гоце Делчев твитна дека „тие двајца никако не одат заедно“.
Дел од реакциите под твитот на лидерот на СДСМ (голем дел од останатите не се за објавување):
„Кога ги стави Делчев и Мицкоски во ист твит – дечко ти тече низ ногавици“;
„Мани Делчев и Мицкоски, ама Делчев и Делчево…“;
„И во Бугарија има град Гоце Делчев. Таму колку изгуби ВМРО??“;
„Зоќе, твитни дека Делчев е од Делчево и да гасиме нетот за денеска“;
„Предавнику, ти не си достоен да го споменуваш името на мекедонскиот великан Гоце Делчев“;
„А како ти, како еден од најбогатите луѓе во земјава, зборуваш за социјална правда?“.




