Последниот предлог ДУП за градска четврт Ј14 – Расадник, претставува  кулминација на урбанистичкиот помор во Македонија.  План кој го дефинира поразот на Скопје како град кој многу внимателно се планираше до 90-тите години на XX век. Значи заокружуваме 30 години, одење наназад, особено за Кисела Вода, која нема друг простор за дефинирање на својот локален центар.



„Планот нуди загушување, губење на сите термини кои по лекциите од часовите по Урбанизам  ги слушавме постојано ( во текот на студирањето), како на пример: градежна линија, габарит, висина, осончување, проветрување, организирање на функции, проектирање визури, зеленило, паркирање, сообраќајници… Сите овие точки  кои го дефинираат урбанизмот се применети во својата негативна конотација“ – стои во статијата објавена од Македонска АРХитектура (МАРХ).

(…)

„ Во планот има безброј чудно дефинирани површини за градба, за кои очигледно „визионерот“ се однесува како да не е во тек со случувањата во Скопје, и какви „ремек дела“ од објекти може да произлезат.

Замислете кога овие површини ќе ги зафатат секакви инвеститори, згора на тоа ќе бидат и секоја зграда  своја приказна. Епа може ли тоа да се нарече план на делување“?! – предупредуваат од МАРХ.