На денешните општински избори во германскиот град Диселдорф учествуваат и четворица кандидати со македонско потекло.
Павле Маџиров „трча“ за коалицијата ЦДУ/Меѓународна граѓанска унија (ИБУ), Ана Трајановска за партијата Слободни гласачи, Гоце Пероски за Зелени Меѓународна листа и Ило Скангало за ИБУ.
Организациите на Македонците од Германија ги повикаа сонародниците да гласаат за четворицата кандидати, кои потоа би ги застапувале македонските интереси во локалната власт на градот на реката Рајна во западниот дел на земјата со 612 илјади жители.





