Околу 29.000 пожарникари и волонтери се ангажирани на запирање на ширењето на 97 големи пожари во кои изгоре поовршина од околу 4,7 милиони хектари низ неколку американски сојузни држави на западниот брег.
Близу 40 од тие пожари беа причина за наредби за евакуација на близу половина милион луѓе во Калифорнија, Орегон, Вашингтон, Колорадо, Ајдахо и Јута.
Од пожарите загинаа најмалку 28 лица од средината на август, иако властите се загрижени за исчезнати.
Белата куќа во саботата соопшти дека претседателот Трамп во понеделник ќе го посети паркот Меклелан, Калифорнија.
Во Орегон, службено лице во државниот оддел за управување со вонредни состојби предупредува на „инцидент со масовна смртност“.
Гувернери во Калифорнија и Вашингтон зборуваат за климатските промени, бидејќи сезоната на пожари што рекорди проголта делови од нивните држави.

Противпожарните екипи кои се борат со пожарите ширум западниот дел на Соединетите држави се надеваат дека промената на условите, вклучително зголемена влажност и поладни температури, ќе им помогнат во напорите за запирање на пожарите.






