Два протести се закажани во Бугарија против носењето на маски во училиштата. Протестите се најавени за денеска и утре во пресрет на почетокот на школската година.



Родителите се против децата задолжително да носат маски во училиштата, јави БТВ.

Според организаторите на протестите пред министерствата за здравство и за образование, маските не можат да ги заштитат децата, туку можат многу повеќе да им наштет.

Еден од организаторите за БТВ вели дека нема клиничка студија никаде во светот за да се докаже дека маските штитат најмалку 60%. Но затоа постојат студии кои категорично покажуваат дека маските се штетни поради јаглерод диоксидот, а исто така предизвикуваат емоционална и психолошка траума кај адолесцентите.

Логиката на организаторите е дека доколку маските навистина заштитуваат, тогаш тие би биле унифицирани и произведени насекаде од ист материјал.

„Маските ќе им паднат на земја, а потоа децата повторно ќе ги стават на уста“, даваат као пример организаторите.