За Благица Павловска, короната е вештачка болест и од неа се штити со морска сол и оцет

Една од најпопуларните македонски фолк-пејачки Благица Павловска не се плаши од Ковид-19, која за неа е вештачка, измислена болест.



„Пред секое патување, а и воопшто кога сум дома, правам инхалација со морска сол и со јаболков оцет. Со години себеси се третирам со солена вода, се парам со солена вода и се мачкам со оцет. Правам пареа на лицето, инхалација на грлото. За 8 март пеев во Канада, па бев во Швајцарија. Тоа беше почетокот на коронакризата кај нас. Интересно е што дозвола за настапи имаше само локалот каде што пеев јас, во другите не беше дозволено и настапот ми помина одлично. Веднаш откако се вратив, се заострија мерките“, вели Павловска за „Женски магазин“.

Пејачката вели дека таа е отпорна на сите вуруси, затоа што нејзиниот организам создал имунитет.

„Да не даде Господ овој вирус да дојде до кој било од нас, но јас сметам дека мојот организам е борец“, додава Павловска, според која од коронавирусот ја штити и нејзината верба во Бога.